Панчо му се извини на Слаткар! | Trendseteri
Menu

Панчо му се извини на Слаткар!

По трагичната смрт на Коби Брајант, Панчо му се обрати на Слаткар со…

 

Смртта на легендата во кошарката испрати моќна порака кон целиот свет а тоа е повеќе да се сакаме, да си простуваме еден на друг, да го живееме животот денес, да бидеме исполнети со радост бидејќи денес не има, а утре… утре којзнае и дали ќе дојде.

По тој повод, Панчо јавно му се обрати на некогашниот близок пријател Слатар и достоинствено бара извинување, иако како што тој кажува, не знае за што настанала острата кавга пред изввесно време.

Ова го објави Панчо на неговиот Facebook профил:

Погоден од вчерашната трагедија и прераното згаснување на животот на Kobe Bryant, човекот со кои издраснаа многу генерации, рол модел, идол на многу спортисти, кошаркарски фанови, човек кои едноставно не можеш а да не му се восхитуваш на желбата за победа и истрајноста. Колку и да го “убивал” твојот сакан NBA тим потајно ни бил симпатичен на сите. Поентата на овој статус ми е тотално друга. Вчера се запрашав, а верувам и сите вие, зошто треба да се случи некоја голема трагедија за сите да не спои? Зошто треба да се случи нешто вакво за да сфатиме дека денес сме тука, утре веќе не сме? Зошто да се мразиме едни со други? Зошто да не дадеме поддршка и кажеме : БРАВО, ФАЛА, ИЗВИНИ, ТЕ САКАМ на сите оние за кои стварно тоа го мислиме, а не го кажуваме од пуста суета или љубомора? Размислував дали имам некој таков во мојот живот и сфатив дека имам еден човек кои се вика Марко или на јавноста познат како Slatkaristika коj го знам и се познаваме минимум 15 години. Јавноста е запознаена за нашата “нетрпеливост” која според мене генерално излезе од нигде никаде и дури и ја не знаев зошто и од каде е сета таа омраза упатена кон мене од негова страна. Да не должам многу, како постар сакам јавно да му се ИЗВИНАМ ( иако никогаш не слушнав од него за што бев “нападнат” од негова страна ) и да си го тргнам целиот оној товар кои ми седел како грутка во душата сите овие години наназат. Исто така сакам да кажам дека сум му ПРОСТИЛ за се што кажал за мене, едноставно животот е толку краток за да чувам “ТОКСИЧНИ” мисли кои ми ја одземаат енергијата зошто како што кажав ЖИВОТОТ Е ПРЕУБАВ за да го трошиме на лоши негативни работи. Слушнав дека наскоро ќе стане татко и му посакувам од се СРЦЕ само убавини во тој поглед, а истото тоа ќе му донесе сосема нов ментален склоп и поглед кон светот. Исто така сакам да ви кажам на сите мои колеги, музичари, уметници дека музиката и уметноста не е трка на 100метри и нема тука победник. Победници сме сите ние кои твориме, бидејќи музиката е една од ретките универзални јазици кои ги обединуваат луѓето и прават посреќни. Не чекајте да се случи “KOBE” за потоа да сфатите што сте изгубиле и да се каете дека не сте кажале се што сте имале на УМ.

ПС – Сакајте се, почитувајте се и поддржувајте се ❤️
Ваш Панчо ?

Мислиме дека е искрено и од срце кажано. За тоа како ќе реагира Слаткар, ќе ве информираме наскоро!

Прочитајте ТУКА што велеше Коби Брајант