12 цитати од Monica Bellucci што ќе ја инспирираат секоја жена | Trendseteri
Menu

12 мудри совети за живото од Monica Bellucci

Една од најсексепилните жени на планетата


Ѕвезда на италијанскиот филм и една од најсексипилните жени во светот, Monica Bellucci, инспирација модните креатори и филмските режисери, а со својата убавина и шарм никој не остава рамнодушен.

Издвоивме неколку нејзини закони по кои живее, односно цитати кои ги кажува:

 

За балансот

 

 

„Не знам дали овој баланс кој го постигнав е идеален. Не снимам и не работам секогаш. Затоа не брзав со раѓање деца додека не бев спремна. Се трудам да го организирам своето време според своите потреби и не дозволувам работата да ми е приоритет, затоа што децата ми се најважни.“

 

За храната

 

 

„Знам дека не треба да јадам брашно и тестенини, но го правам тоа. Мразам забрани. Понекогаш е потребно залак задоволство, зар не? Штетно е нормално, ама уште поштетно е да се одречете од сè. Јадам сè, но најмногу ја сакам италијанската храна.“

 

За убавината

 

 

„Што значи да си убава? Не се работи за биологија…женственоста е одраз на вашиот живот и искуство.“

 

За разводот со Vincent Cassel

 

 

„Ние имаме премногу различни светови. Имам свои пријатели, тој има свои, јас имам свое хоби, тој негово. Само понекогаш ја напуштаме нашата околина и поминуваме заедничко време. Мислев дека овој однос е идеален. Но во секој брак доаѓа до раскрсница кога треба или да се раздвоите или да се потрудите да го одржите бракот. Нажалост ние го избравме првиот, полесниот начин.“

 

За годините

 

 

„Не би сакала да имам 20 години за ништо на светот. Сега сум многу посреќна. Со 20 учев, се трудев да сватам сто сакам да бидам, патев од несигурност. Сега знам точно што ми треба и без што неможам да живеам.“

 

За зависта

 

 

„Немој да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, затоа што тие препознаваат дека сте подобра од нив.“

 

За вниманието од мажите

 

 

„Не ги разбирам жените кои сакат да бидат понижени. Според мене, тие едноставно не се согласуваат со самите себе.“

 

За идеалите

 

 

„Морате да бидете попустливи. На крајот, кои сме ние: луѓе кои се трудат да одржат рамнотежа на топка, која сама се врти со страшна брзина, патувајки низ универзумот. Кој во такви услови може да биде совршен?“

 

За личната среќа

 

 

„Се чувствувам среќно во сопствена кожа. Не затоа што сум убава, познавам многу убави луѓе чии живот е ужасен. Тие многу лошо се чувствуваат сами со себе. Јас сум многу среќна личност, затоа што доживеав огромна љубов спрема себе, имам многу голема фамилија.“

 

За хармонијата

 

 

„Убавината треба да ни помогне да ја пронајдеме хармонијата, љубовта и смислата во овој луд свет.“

 

За Италија

 

 

„Италија е дел од мојата личност, мој начин на размислување, акција, таа е мојот стил на живеење! Земјата на потекло определува дури и како јадете. Секоја земја има свои недостатоци, но Италија ја гледаат како преубава земја, замја во која настанува уметноста, убавината, добра храна, добар живот. Да, ја сакам, убава е, но има свои недостатоци.“

 

За диетата

 

 

„Ако се подготвувам за улога во која морам да изгубам килограми, јас тоа можам да го направам. Јадам месо, риба, зеленчук и веднаш слабеам. Некогаш се подготвувам и за улоги во кои треба да добијам тежина, и можам да ви кажам дека таквите улоги повеќе ги сакам.“