Така велеше Коби – најпознатите цитати на Брајант | Trendseteri
Menu

Така велеше Коби – најпознатите цитати на Брајант

“Најважна работа е да се потрудите да ги инспирирате луѓето за да бидат најдобри во она со што го работат”

 

Кошаркарската легенда на Лос Анџелес Лејкерс и САД, Коби Брајант загина во хелихоптерска несреќа близу Калабасас, Калифорнија. Имаше 41 година. Оваа вест не шокираше сите, го шокираше целиот свет. Сите се опростуваат со Коби, а позади него останаа незаборавните натпревари, освоените титули со тимот од Лос Анџелес, но и неговите цитати…

 

“Тоа што го гледаат луѓето на теренот не сум јас, туку другата страна од мене”

 

“Една работа која морате да ја знаете за мене е дека јас немам филтер кога треба да го кажам моето мислење. Навистина немам проблем да кажам што точно мислам за некоја личност”

 

“Најважна работа е да се потрудите да ги инспирирате луѓето за да бидат најдобри во она со што го работат”

 

“Мојот фокус е само во една работа – да освојам колку што можам повеќе првенства”

 

“Јас сум тука, не одам никаде. Без разлика на тежината на повредата – освен ако сум комплетно онеспособен – ќе бидам играч кој отсекогаш сум бил. Ќе најдам начин тоа да го направам. Ќе направам некои промени, но јас и понатака доаѓам на терен”

 

“Се сомневам во себе. Имам несигурност. Имам страв од неуспех. Се случуваат денови кога доаѓам на теренот и си помислувам: Ме боли грбот, колената ме болат, стапалата ме болат и не можам да продолжам, само сакам да одморам малку. Сите ние имаме сомнежи во себе, тоа е неспорно, меѓутоа тоа не значи дека треба да се предадете на тие сомнежи. Треба да ги прифатите”

 

 

“Играм против врвни играчи, играм против најдобрите играчи на светот. Натпревар – тоа е она што целиот мој живот со нетрпение го чекам”

 

“Играв со инфузија пред, во текот и после натреварот. Играв со скршена рака, повредено рамо, крвави заби и со колено од големина на бејзбол топка. Одбивам да пропуштам 15 натпревари само заради повреда на палецот за која сите знаеме дека не е толку сериозна”

 

“Не можам да се поврзам со мрзеливи луѓе. Не зборуваме на ист јазик. Не ги разбирам, ниту сакам да ги разберам”

 

“Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, јас сакам да бидам исклучиво Коби Брајант”

 

“Јас работам на совршенството”

 

“Дали можам да скокнам два или три играчи како што тоа го правев порано? Не можам. Дали сум брз како што бев претходно? Не сум, но и понатака се држам на истата визија и стратегија. Тоа е она што ми овозможува и понатака да доминирам во играта. Секогаш работам на тоа бидејќи знам дека кариерата на спортистите е привремена”

 

“Ќе направам се што е потребно за да победуваме на натпреварите, сеедно дали тоа вклучува да седам на клупата и да мафтам со крпата, да им подадам чаша вода на моите соиграчи или да го дадам победничкиот кош”

 

“Често се повлекувам од гужвата”

 

“Обожавам да играм еден на еден со некого. Тоа е она што јас го правам. Никогаш не сум изгубил. Тоа е потполно друга игра. Самиот факт дека таа личност е пред мене и дека можам да правам што сакам во потполност ги менува работите”

 

“Сакам да победувам и со задоволство ги прифаќам предизвиците. Добивање на бодови за титула и такви работи… можеби звучи лошо, но не ме интересира како звучи – мене тоа ми оди од рака. Не ми претставува проблем да освојам доволно бодови за титула, бидејќи знам дека можам”

 

“Сите негативни работи – притисок, предизвици – се се тоа прилики да се истакнам”

 

“Моите родители се мојата подршка. Тие се единствените кои ќе ме подржат подеднакво ако освојам 0 бодови или 40”

 

“Ако се плашиш од неуспех, најверојатно и ќе го доживееш”

 

“Најважната работа и да ги известиш сите околу тебе дека си тука и дека си сериозен. Јас не сум играќ кој ќе се појави и ќе замине. Не сум играч кој ќе влезе во најдобриот тим еднаш или два пати. Тука сум да бидам најдобар секогаш”

 

“Кога имам шанса да го чувам Мајкл Џордан, јас сакам да го чувам. Тоа е врвен предизвик”

 

“Шутирам премногу на кошот од осум годишна воздраст, но зборот “премногу” е работа на перспектива. Некои луѓе мислат дека Моцарт имал премногу ноти во своите композиции. Тој на тие критики одговарал дека ништо не може да биде премногу или премалку. Постои само онолку колку што е потребно”

 

“За можно пензионирање поради повреда: Дури и без една рака си способен да играш”

 

“Поради тоа што не сакам глупаци и слабаци, а ти си глупак и слаб, ќе те прегазам”

 

“Ако намерно себе си си додадеш топка, тогаш тоа е асистенција. Поради тоа луѓето не можат да зборуваат дека само шутирам”

 

Почивај во мир легендо!