Како да носите џемпери оваа зима | Trendseteri
Menu

Како да носите џемпери оваа зима

Инспирации како да носите џемпер оваа зима


Џемперите се многу благодарно парче облека, идеално за беспрекорен изглед на зима. Затоа обожаваме да ги носиме како еден од главните печати на нашиот аутфит.

Оваа година не мора многу да размислувате за моделот и обликот, затоа што можеме слободно да кажеме дека се се носи. Од долги кардигани и „oversize“ џемпери до нежни кашмирни пуловери и ролки.

На вас е да одберете кој модел најмногу одговара на вашиот стил, како би можеле лесно да го вклопувате со останатите модни парчиња.

Имајте на ум дека долгите кардигани се совршени за ладните денови и одлично стојат со високи чизми. Од друга страна пак, „oversize“ гломазните џемпери можете буквално да ги комбинирате со сите парчиња од плакарот.

Затоа потребно е да пронајдете идеи кои би ви послужиле како инспирација за вашите комбинации…

 

Кардиган и џемпер со разлишни дезени

 

„Oversize“ џемпер и популарните „skinny“ фармерки

 

 

Ефектен џемпер и едноставна кошула

 

 

Долго здолниште со прорез и лежерна ролка

 

На вас е да одберете како ќе го искомбинирате вашиот џемпер кој ќе направи да изгледате баш „in“, а воедно и ќе ве стопли.