Со 56 години сè уште многу атрактивна. Но како изгледала пред 3 децении?!
Италијанката Моника Ана Марија Белучи кариерата најпрво ја започнува како модел, а подоцна почнува и да глуми во италијански филмови. Многу брзо се пробива и во Холивуд благодарејки на нејзиниот атрактивен изглед, својата сензуалност и убавина.
Моника никогаш не престана да воодушевува, а колку всушност италијанската дива отсекогаш била убава, може да се види на нејзините фотографии од пред 30 години.
-„Сите зборуваат дека има пластични операции, но погледнете ги тие усни и таа коса“ – рече во една прилика нејзиниот татко Паскал Белучи.
-„Среќа што немавме уште деца, затоа што сигурно би биле љубоморни на Моника“- кажа во едно интервју нејзината мајка.
Моника со својата убавина плени уште од детството. Со 12 години непознати луѓе и приоѓале на улица и и нуделе милиони и живот во странство. Во рестораните, келнерите никогаш не и наплаќале, затоа што им било чест да служат таква убавина.
На училиште секогаш привлекувала внимание, а наставниците откриле дека таа влијае на нивната концентрација.
Убавината во мало место била голем проблем. Таа и не се дружела со децата, затоа што сите ја гледале вчудоневидено и деца и мажи и жени.
Иако се криела, нејзината убавина неможела да остане само во малото италијанско гратче. Светот ја запозна Моника Белучи и ја засака.