Флертувањето е исто нешто сериозно | Trendseteri
Menu

Флертувањето е исто нешто сериозно

Дали се сложувате со тоа дека и флертувањето е неверство?!


Понекогаш невиното флертување може да се претвори во нешто многу посериозно, а границата е толку тенка што многу луѓе несвесно ја преминуваат. Па, кога флертот се претвора во неверство?

Флертувањето е ситуација кога личноста намерно сака да привлече нечие внимание или да го покаже својот интерес. Не секогаш станува збор за желба за врска или сексуален однос, но доколку сте во врска, би требало да знаете кои се границите што не треба да ги преминувате.



1. Страв ви е да му кажете на партнерот за флертувањето


Иако ова можеби звучи очигледно, премолчувањето на флертот со некој друг никогаш не е добро. Доколку сакате да го скриете, запрашајте се дали флертот навистина ништо не ви значи, или само ви е страв од реакцијата на партнерот. Штом ќе помислите да ја скриете ситуацијата од партнерот, најверојатно сте сфатиле дека сте ја преминале границата.



2. Пробувате емотивно да се поврзете со другата личноста


Доколку веќе некое време флертувате со некој колега или пријател и станува збор само за невини шеги, тогаш нема проблем. Но доколку кај другата личност барате емоционална поддршка или поврзаност, нешто повеќе од пријателство што не го барате кај партнерот, тогаш станува збор за емоционално неверство. Во ред е да добиете некоја лоша вест на работа и веднаш да ја споделите со колега, но емоционалната поддршка треба да ја барате кај вашиот партнер.



3. На другата личност ѝ откривате нешта што ни партнерот не ги знае


Доколку на личноста со којашто флертувате ѝ откривате работи кои не сте му ги кажале на партнерот, тогаш станува збор за емоционално неверство. Можеби ве привлекува оваа личност бидејќи задоволува некоја потреба што партнерот не може да ја задоволи. Луѓето секогаш се привлекувани од други и тоа не значи дека дошол крај на врската. Во овие моменти треба да се запрашате што добивате од оваа личност, а не од партнерот, и дали навистина вреди да ја ризикувате вашата врска.



4. Постојано флертувате


Доколку постојано флертувате со други, можеби и не сте подготвени за сериозна врска. Понекогаш е подобро да ја прекинете врската, пред партнерот да вложи премногу време и труд.



5. Имате внатрешни шеги со таа личност во кои сте вклучени само вие двајца


Можеби мислите дека внатрешните шеги со колегата или пријателот не можат да ѝ наштетат на врската, но се лажете. Замислете да сте во иста просторија со партнерот и личноста со којашто флертувате и постојано да си ги кажувате вашите шеги. Вашиот партнер нема да се чувствува убаво. Ова е знак дека флертот тргнал во погрешна насока, бидејќи веќе настанал круг на интимност во кој не се наоѓа вашиот партнер.



6. Размислувате за другата личност дури и кога сте со партнерот


Доколку ви се случува ова, вашата врска е во опасност. Секогаш можат да се појават чувства кон други и тоа е во ред, сè додека можете да ги игнорирате и да им се спротивставите. Доколку не можете да престанете да размислувате за другата личност, тогаш треба да размислите дали ќе останете со партнерот и ќе заборавите на флертот, или ќе ѝ ставите крај на врската.



Што кога ќе ја преминете границата?


Немојте да се преправате како ништо да не се случува. Најпрво треба самите да си признаете дека ви се допаѓа некој друг, а потоа да се запрашате која е причината за тоа. Најчесто не вреди да ја ризикувате врската за флертување. На крај, потребно е да разговарате со партнерот и да му кажете што се случува, со цел да откриете што ѝ недостасува на вашата врска и да најдете решение за проблемот. Исто така, треба да поставите и граници со кои и вие и вашиот партнер ќе се чувствувате удобно.

Katerina Velkovska, Kate, Kejt, Катерина Велковска, Кејт, Кате