Стилска инспирација – Моника Белучи | Trendseteri
Menu

Стилска инспирација – Моника Белучи

Заносната италијанка Моника Белучи секогаш во центарот на вниманието

 

Пред да влезе во филмската индустрија, атрактивната бринета работеше и како модел за многу познати модни куќи како Диор, па така нејзиниот моден стил е вистинска инспирација за сите жени.

Моника Белучи и на свои 55 години без многу труд може да ги засени и двојно помладите девојки, што се покажа и на изложбата L’Exibition на Кристијан Луботин, во склоп на модната недела во Париз.

Актерката изгледаше феноменално во црно одело со потписот на нејзиниот омилен бренд Dolce & Gabanna, а штиклите, кратката боб фризура и розевиот кармин го заокружија стајлингот на оваа медитеранска убавица која како да не старее.