Парчиња за тренди стајлинзи во зима | Trendseteri
Menu

Парчиња за тренди стајлинзи во зима

За сите жени со стил

За овој период од годината, главен приоритет во облекувањето секако е да ни биде топло. Зимските стајлинзи се вистински предизвик бидејќи во исто време мора да бидат во тренд, удобни и топли.

За добар аутфит потребни се клучни парчиња. Така ќе ги испочитувате сите критериуми за најдобри дневни комбинации…

Џемпер-фустан

Овој модел на фустан веќе неколку сезони е во мода, а оваа сезона се популарни пошироките модели. Во нив ќе се чувствувате удобно и топло. Можете да ги комбинирате со високи штикли или со рамни чизми.

Кожно миди здолниште

 

Се што е кожно е ин оваа зима, па така кожното здолниште е совршено парче. Искомбинирајте го со подебел џемпер и високи чизми или салонки и ќе имате супер стајлинг.

Теди капут

 

Овој модел е можеби најпопуларен оваа сезона. Кога сте во него, зимата ништо не ви може.

Чизми над колена

 

Трендот за овој модел продолжува. Неопходно парче за тренди стајлинг.

Ролка

 

Класика која никогаш не излегува од мода. Ролките се омилени кај сите жени во студените денови. Изберете впечатлива боја и ќе ја разбиете монотонијата на овие сиви денови. Неон нијансите се полн погодок.