Уште една модна лекција на првата дама на САД
Првата дама на САД во едно од нејзините најдобри модни изданија ја заврши неколкудневната посета на Индија со нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
Меланија носеше беспрекорна монохроматска комбинација, розева креација на Каролина Херера во која изгледаше женствено и префинето.
Иако високите потпетици се нејзиниот заштитен знак, овој пат Мелани се одлучи за рамни балеринки од брендот Aquazzura, исто во розева боја со везени детали – ѕвездички, а нејзиниот стајлинг го заокружи со обетки изработени во стил на традиционалниот индиски накит.