Хејли демонстрира како се носи овој тренд без грешка!
Познатата манекенка и трендсетерка Хајли Бибер повторно не воодушевува со нејзиниот аутфит. Нејзиниот моден избор на модната недела во Париз е кожен аутфит кој се состои од кожна јакна со копчиња во облик на срце и кожен комбинезон.
Иако многу жени избегнуваат да носат кожни парчиња облека бидејќи не ги кријат недостатоците туку напротив, ги истакнуваат, но тоа не е случај и за Хејли која навистина изгледа моќно и тренди.
За да ја разбие монотонијата на црната боја, манекенката носеше розеви штикли, кои даваат доза на женственост на овој фраерски аутфит.