Најмодерни тренерки кои сите ги посакуваме | Trendseteri
Menu

Најмодерни тренерки кои сите ги посакуваме

Џеј Ло во гламурозно спортско издание

 

Латино дивата Џенифер Лопез, кога е во прашање модата ништо не препушта на случајот, и едно е сигурно – секогаш го привлекува вниманието.

Позната како фанатик за вежбање и здрава исхрана, успешната актерка, пејачка и дизајнерка, иако има 50 години, со својот младолик изглед може да ги засени и двојно помладите нејзини колешки.

Џеј Ло овој пат се појави во спортско издание, во тренерки дизајнирани со нејзиниот надимак JLO и секако омилените бели патики на Alexander McQueen. Таа и овој пат остана доследна на нејзиниот стил на гламурозна латино убавица.