Човек, како што сме и ние! Нормални смртници!
Лени Кравиц пристигна во нашата земја, два дена порано пред долгонајавуваниот концерт закажан на 3 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Американскиот пејач, автор, актер и продуцент на изненадување на неговите фанови прошета низ Старата скопска чаршија, се фотографираше, делеше автограми, пееше со деца.
-Прекрасен ден поминат со преубави луѓе- напиша тој под видеото од Скопје.