Најубавата љубовна приказна во Холивуд - Том Хенкс и Рита Вилсон | Trendseteri
Menu

Најубавата љубовна приказна во Холивуд – Том Хенкс и Рита Вилсон

И по 30 години брак, сеуште изгледаат како новопечени младенци

 

Том Хенкс и Рита Вилсон се доказ дека во животот се ви оди од раце, ако имате среќа да ја сретнете својата сродна душа.

„Мојата сопруга ми е најважната личност во животот. Со неа можам да разговарам и како со љубовница, и како со сопруга, како со девојка, и како со сестра, пријателка, мајка… Се, баш се пронајдов во Рита.“ – изјави Том Хенкс.

Љубовта им се случила на снимање, а хемијата била толку силна, што Том одлучил да се разведе од својата прва сопруга. Том е еден од ретките мажи во Холивуд кој успеал својот втор брак да го сочува цели 30 години.

Со првата сопруга бил во брак 10 години, која му била девојка од средно училиште и со која се оженил на 21 година. Со неа има две деца. Оваа година тој и неговата сопруга Рита прославуваат 30 години брак, а ѕвездата од многу роматични комедии често ја опсипува сопругата со внимание и љубов.

„Понекогаш ја гледам таа дама, разбушавена и топла од креветот, во тренерки и коса неуредно врзана и си мислам- талку е секси!“, со овие зборови славниот актер Том Хенкс во 2017 година, објасни што чувствува за својата сопруга.