Металик тренд во Холивуд | Trendseteri
Menu

Металик тренд во Холивуд

Холивудските ѕвезди не можеа да одолеат на овој тренд

 

Судејќи според фотографиите на доделувањето на Оскарите, металик е еден од главните трендови на холивудските ѕвезди.

Дизајнерите велат дека често ќе ги гледаме овие парчиња во сезоната пролет/лето 2020. Голем број на дамите на црвениот тепих се појавија во фустани со металик детали. Овие парчиња не се резервирани само за вечерни комбинации, туку и во дневните варијатни.

Металик-трендот ќе го развесели секој аутфит. Доколку сакате да се истакнете во масата на луѓе, овој тренд е како создаден за вас. И не мора да го носите од глава до пети. Еден детал или аксесоар е доволен да го направи секој стајлинг посебен.

Шарлиз Терон ни демострираше како се носи овој тренд.

Ниту Дајана Кругер, Џесика Алба и многу други ѕвезди не одолеаа на металик нијансите.