Macko DejaVu | Trendseteri
Menu

Сите сакаат кај „Macko-DejaVu“

 

„Macko-DejaVu“ е повеќе отколку градско дете

 

Во изминативе 25-30 години се појавиле т.н. градски деца од самостална Македонија. Почетоците на тоа време ги красат воглавном ликови како Џоле МНТ, Бети Пијано, Томе Корнер, Пиже, Перо Цајз и Гиц. Многумина од вас не ги паметат како ликови, но ви се присутни во урбаните муабети.

После вакви „фаци“ е тешко да влезеш во кругот на „вечни градски деца“. До денешен ден тоа само на мал број  луѓе им успеало. Не правиме муабет за т.н. новокомпоновани ликови кои во принцип се повеќе срам него гордост на еден град.

Од поново време, иако веќе долго меѓу нас се појавуваат Гроздан и Пеѓа, познати како сопственици на кафебаровите и рестораните Тренд. Да не ги заборавиме Змија и Бош. Но ако кажете сега…па тоа се само Скопски ликови, ќе ви дадеме право. Само еден може да се земе кој ван Скопје  успеал да стане „градски лик“, тоа е Роби-Телекабел. Сите останати може само да сонуваат да бидат дел од тој круг!

Но да се навратиме на денешницава. Тешко е, поред многу луѓе што се истакнуваат, воглавном со пари, да станеш лик кој влегува во една градска, па дури и државна историја. Може да констатираме дека не се парите клучни. Дефинитивно не се. Тоа го докажуваат луѓе што сакаат со сила преку пари да се наметнат, како н.п. …се сеќавата на „Арабеска“? Е па тоа е. Дошле, заминале и никој не ги памети.

Во кругот на „вечните“ може, и мора го бројиме Марјан Андреев, познат како „Macko – DejaVu”. Во принцип скромен како човек но перфекцјонист и мегаломан во неговата работа. Многумина не знаат дека забавите во Дајмонд во ТЦ Рамстор беа организирани токму од Мацко, кој беше истовремено и сосопственик на Ресторанот. Но дефинитивно може да се каже дека е кралот на „AfterWork“ забавите во Македонија. Додека другите кубуреле и покушавале да привлечат гости во, за гастрономијата неблагодарно време, од 18 до 20 часот во работен ден, Мацко со неговиот локал DejaVu во Capitol Mall, стана пример како се „журка“ после работа.

Нема пејач од Балканов што не сака  да гостува во „DejaVu“, кај Мацко. Од друга страна ретко се наоѓа некој, што не сака да е дел од забавите. Сите петочни забави се со денови однапред резервирани. Имавме прилика во изминатиов период да разговараме со Северина и Саша Ковачевиќ. И на двајцата им беше одговорт на наше прашање дали би сакале да гостуваат во „DejaVu“ ист… -наравно!

Мацко е градски мангуп со огромни амбиции. Тие што го знаат и што го опкружуваат знаат дека не му се потребни пари за да се истакне. Мацко е фраер со стил и шарм. На таквите не им требаат пари за да се сакани. Тој со еден капут, мајчка или со еден појас за панталони привлекува повеќе внимание отколку други познати личности во Македонија.

Наш предикат за „Macko – DejaVu“ е… Круг на Трендсетери во Македонија и „урбана градска фаца“