Дали се изгуби смислата на личен печат???
Колку фотографии од Ким и Кајли гледате? Две? Не, само една. На другата се нивните двојнички. Зошто денес сите сакаат да бидат некој друг?
На светот постојат седум луѓе кои изгледаат идентично како вас, освен ако не сте Ким Кардашијан или Кајли Џенер. Во тој случај имате милион клонови ширум светот. Знаете ли кои се Соња и Фејза Али? Веројатно не! Сестри блогерки кои изгледаат идентично со Ким и Кајли и кои велат дека ги копираат со шминка и стил. Но ние мислиме дека и естетската хирургија игра тука.
Конкретно седејки во познато кафуле ние налетавме на 5 другарки, сите млади и убави… Но само едната немаше ботокс на устата…Сите беа исти, со долги црни коси, полни усни, лошо исцртани веѓи,огромни дречави нокти, стегнати во многу тесни фармерчиња и кратки деколтирани блузи на минус 10. Добро бре, па беа одвај 20 годишни.
Photos: Instagram / BestImage