Кајли Џенер го урна интернетот со "Rise and shine" | Trendseteri
Menu

Кајли Џенер го урна интернетот со “Rise and shine”

#Riseandshine достигна 1 милијарда прегледи

Реалити ѕвездата Кајли Џенер реши повторно да го сруши интернетот. Нејзината “Rise and shine” кратка песна беше најгледана на Tik Tok и достигна неверојатна бројка од 1 милијарда.

Се работи за фраза која таа и ја пее на нејзината 1 годишна ќерка, видео кое со брзина на светлината се рашири на интернет.

Но тука приказната само што започнува. Имено, таа одлучи да ја искористи оваа неверојатна шанса и да го капитализира сето ова. Си ги задржа правата за користење на “Rise and shine” и го искористи како трговска марка за продажба на сите врсти на облека и козметика. Сите производи кои беа лансирани се продадени во рекордно време.

Кејли дури и на нејзината Инстаграм биографија го напиша “Rise and shine” и ја објави ремикс верзијата. 

Погледнете и видео каде фановите се пошегуваа на нејзина сметка во врска со “Rise and shine”, но како и да е, Кејли веќе заработува милиони од нејзиниот нов “бренд”.