Џенифер Лопез во „Jungle“ аутфит | Trendseteri
Menu

Џенифер Лопез во „Jungle“ аутфит

Ѕвездата воодушеви со модната комбинација


Џенифер Лопез, која неодамна го прослави нејзиниот 50 роденден, одржа голем концерт во Тел Авив, а денот го мина во разгледување на знаменитостите на престолнината на Израел во друштво на својот свршеник Алекс Родригез.

За таа пригода, популарната пејачка и актерка избра смела комбинација, која одлично ѝ прилега.

Облечена во свилен комплет со животински принт, кој многумина го споредија со пижами, комбиниран со патики, Џеј Ло ги сврте сите погледи кон неа.