Џенифер Анистон сруши Гинисов рекорд | Trendseteri
Menu

Џенифер Анистон сруши Гинисов рекорд

12 милиони следбеници за 2 дена

 

Неодоливата Џенифер Анистон после долго колебање конечно реши да се приклучи на виртуалната заедница Инстаграм и отвори свој профил.

Таа го отвори профилот во вторникот За 5 часа и 16 минути таа успеа да собере 1 милион следбеници и со тоа направи гинисов рекорд, односно го собори рекордот на Принцот Хари и Меган кои во Април направија 1 милион за 5 часа и 45 минути. Претходно рекордот припаѓал на Кенг Даниел кој има направено 1 милион за 11 часа и 36 минути.

Потоа, Џенифер објави селфи со колегите од популарната серија “Пријатели” и за момент го сруши системот на инстаграм. 7 милиони за помалку од 24 часа. Таа во моментов има 12.4 милиони.

Таа воедно сподели и видео и се заблагодари на сите нејзини фанови.

Jennifer Aniston