Ирина Шејк - чекор пред сите | Trendseteri
Menu

Ирина Шејк – чекор пред сите

Италијанскиот бренд Falconeri со моќна “ледена” кампања

Познатиот италијански бренд Falconeri излезе со нова кампања за нивната најнова колекција со заштитното лице, прекрасната Ирина Шејк. Во време кога во ООН се разговараше за глобалните климатски промени и договорот на модните брендови да бидат и тие дел од оваа светска проблематика, Falconeri е чекор пред сите и новата кампања ја направи во Исланд. Место каде ледот непрестано се топи поради климатските промени.

“Имавме неверојатна ледена позадина која постојано беше во движење. Секогаш кога бевме спремни за сликање, ледениот брег или ќе го снема, или нагло ќе се растопи. Се распаѓаше на половина и предизвикуваше неверојатни звуци” коментира Ирина Шејк.

Ирина Шејк и нејзиниот тим директно се соочиле со влијанието на климатските промени. Таа исто така вели дека е среќна и горда што е дел од проект во кој, освен модата, се испраќа многу важна порака кон целиот Свет. За тоа колку климатските промени влијаат врз планетата Земја.