Холивудската ѕвезда воодушевена од македонскиот "Honeyland" | Trendseteri
Menu

Холивудската ѕвезда воодушевена од македонскиот “Honeyland”

Сара Џесика Паркер за македонскиот документарец “Медена земја”

Познатата холивудска актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер, позната по улогата на Кери Бредшо во серијата “Сексот и градот”, на својот инстаграм профил изрази одушевување од македонскиот документарен филм “Медена земја” (Honeyland).

-“Медена земја” е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“. Има причина зошто овој филм ги освојува сите награди и признанија. Им честитам на авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и фала ви што ни дозволивте да патуваме со вас во малата земја Република Македонија. Вас двајца јас ќе ве следам секаде, напиша Сара Џесика Паркер.

Таа исто така додаде дека филмот ќе биде еден од номинираните за “Оскар”!

Документарниот филм “Медена земја” освои десетина награди на престижните фестивали во светот. Тој е првиот македонски документарен филм кој е предложен за оскар.