Го блокира отворањето на прозорот додека работи радиото
Германскиот гигант за автомобили БМВ одлучи да стави крај на балканските возачи кои со својот избор на музика веќе со години ја уништуваат репутацијата на брендот. Решение пронајдоа во новата технологија која превентивно автоматски ќе ги затвора прозорите доколку гласно работи радиото во автомобилот.
BMW M340i Balkan, кој е веќе во продажба, во основниот пакет сигурносна опрема ќе има ZSVG (Zwischen seinen vier Glasern).
“Имавме идеја во компјутерот на автомобилот да исталираме софтвер кој ќе го препознава и оневозможува тој стил на музика, но со некоја причина тој филтер би го блокирал и Nickelback, па решивме да им овозможиме на сите да слушаат што сакаат – но тоа да го прават само внатре” – изјави Ролф Дехумер, шефот на развојниот тим на БМВ.
Софистицираниот ZSVG ќе препознае кога треба да ги затвори прозорите, зависно од видот на музиката која ја слушате, на места како раскрсници, пред училиштата, кафулињата, рестораните, како и пред црковните храмови. Всушност, местата каде ќе можете да ги имате прозорците отворени ќе бидат ограничени.
Доколку овој систем се покаже како успешен, БМВ од следната година ќе го вгради во сите модели кои ќе бидат на продажба на балканскиот пазар.
Извор: newsbar.hr