Турција ќе прави СУВ возило TOGG C-SUV
Турската автомобилска групација Joint Venture Group Inc или TOGG подржана од претседателскиот декрет и инвестиција од 3.7 милијарди долари ќе го започнува производството на турски домашен автомобил, односно производство на пет модели и вкупно производство на 175.000 возила годишно.
Кросоверот доаѓа под ознаката C-SUV, а прв го возеше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.
C-SUV е дизајниран од прочуеното италијанско студио Панинфарина и ќе биде претставен во 2022 година.
Овој кросовер има потполно електричен погон а ќе биде понуден во две опции, со 200 и 400 коњски сили.
На помоќната верзија од 0 до 100 км/ч ќе и бидат потребни 4.8 секунди, а автономијата помеѓу две полнења ќе биде до 500 км.