Само небото е граница: Aston Martin Vantage Roadster | Trendseteri
Menu

Само небото е граница: Aston Martin Vantage Roadster

Астон Мартин го прeтстави моделот Vantage Roadster

 

Популарниот спортски модел GT сега добива нова верзија “без кров”, за која од Астон Мартин тврдат дека е најбрзиот автоматизиран кров од платно, за кој е потребно помалку од 7 секунди да се отвори, односно да се затвори, на брзина до 50 км/час.

За погонот е задолжен 4.0 литарски V8 турбо мотор со 510 коњски сили, кој обезбедува забрзување до 100 км/час за 3.7 секунди, како и максимална брзина од 305 км/час.

Почетната цена на Vantage Roadster изнесува 157.300 евра, а првите испораки се најавени за на пролет оваа година.