Jaguar XJ | Trendseteri
Menu

Jaguar XJ

Jaguar XJ – Збогување на холивудски начин

Моделот XJ како знаменосец има посебно значење за историјата на брендот Jaguar, a по повеќе од пет децении од премиерата на првата генерација, XJ стигна до крајот на една етапа.

Луксузната лимузина ќе биде продадена во уште само 300 примероци и тоа исклучиво на американскиот пазар, со што дефинитивно заминува во пензија, очекувајќи го наследникот најавен за следната година и тоа со електричен погон.

Jaguar пред неколку месеци најави дека планира целосно електричен модел како наследник на XJ, па овие 300 купувачи фактички ќе бидат и последните кои ќе можат да уживаат во претставителниот Jaguar со мотор со внатрешно согорување.

Британскиот производител официјално ја покажа серијата XJ Collection Special Edition на Саемот во Лос Анџелес, а оваа изведба која ги обединува луксузот, елегантниот дизајн и лесната алуминиумска конструкција, достојно ќе го затвори поглавјето од историјатот кој има голема вредност за Jaguar.

Подетално, Jaguar XJ Collection e понуден во изведба со подолго меѓуоскино растојание (XJL), односно V8 мотор со 470 коњски сили, кој е поврзан со 8-степена автоматска трансмисија.

Првиот XJ беше претставен во 1968 година, по што веднаш беше прогласен за најелегантен седан на пазарот, наредните пет децении освои уште многу награди и стигна до многу влијателни фанови, а актуелната генерација заминува во пензија откако ја исполни својата цел.

Паузата до следниот чин нема да биде долга, а Jaguar реши да го истакне уметничко-благородничкиот карактер на XJ, промовирајќи го специјалното издание со фото-сесија со познатата холивудска актерка, Александра Дадарио.

За повеќе информации посетете ја страницата на Jaguar Makedonija