За професионалци, но и за фото ентузијасти аматери – Apple Night mode фотографии
Американскиот гигант Apple отвори интересен натпревар за најдобри фотографии. Се што ви е потребно е iPhone 11, iPhone 11 Pro или iPhone 11 Pro max во ваша сопственост и инстаграм и твитер профил. На конкурсот влегуваат сите фотографии направени од смарт телефоните на Apple со користење на Night mode, објавени на овие социјални мрежи со хаштаг #ShotoniPhone и #NightmodeChallenge.
Се до 29 јануари корисниците на Apple од сите делови на светот можат да ги аплоудираат своите фотографии, а 5-те победнички фотографии ќе бидат прогласени на 4 февруари и ќе бидат објавени на веб страниците Apple Newsroom, apple.com, на нивниот Инстаграм и Твитер профил на ѕидовите на нивните продавници, билборди и на специјална изложба.
Најдобрите фотографии ќе ги избира стручно жири од професионални фотографи како Malin Fezehai, Tyler Mitchell, Sarah lee, Alexvi Li, Darren Soh, Phil Schiller, Kaiann Drance, Brooks Kraft, Jon McCormack и Arem Duplessis.