23 години најдобар кабелски оператор и компанија со општествена одговорност
Најуспешниот кабелски оператор во Македонија кој започна со само десетина вработени веќе 23 години успешно постои на пазарот. Токму денес ова е поводот за славење на Телекабел.
Компанијата која веќе девет пати е прогласена за една од најуспешните во Македонија и 3 пати за „Супербренд“ на годината, денес го прославува својот 23-ти роденден. Телекабел нуди кабелска телевизија, интернет, фиксна и мобилна телекомуникација.
Телекабел на чело со основачот и сопственикот Роберт Димитров не изостанува и во хуманоста, па така донираше во изминативе 23 години амбулантни возила, голема сума за лекувањето на Иван Стојанов. Донираше ТВ уреди, 1 милион денари за поплавите во Скопје и ред други. Токму ова го истакнува Телекабел како лидер и компанија со општествена одговорност и пример за многу други.
На целиот тим му посакуваме и во иднина уште многу успеси!