Смарт леќите стануваат реалност | Trendseteri
Menu

Смарт леќите стануваат реалност

Проширена реалност

 

На платформата за претставување најнови технолошки решенија CES едно технолошко откритие го привлече целото внимание на јавноста и експертите. Се работи за контактната smart леќа.

Тоа е Mojo Lens паметната леќа со вграден систем кој ви дава информации без нарушување на вашиот вид и фокус. Mojo Vision, творецот на Mojo Lens тврди дека оваа смарт леќа ви дава информации кои ви се потребни, точно кога е потребно, и ви помага да запомните што е најважно во моментот, да одредите свои приоритети без да ви смета во вашиот вид и фокус.

Иноваторите со седиште во Калифорнија, повеќе од три години ги чувале во тајност плановите за AR (augmented reality – проширена реалност) смарт леќата. И дури сега ги откриле своите рани прототипови и микро технологија која ќе овозможи увид на вашиот календар, итни пораки на позадината на физичката реалност.

Технологијата што до сега можевме да ја видиме само во филмовите како “Terminator” и “Iron Man”, сега станува реалност. Оние кои ги испробале овие леќи велат дека сликите во позадина се појавуваат како зелен текст, едноставен но несомнено револуционерен напредок кој би можел многу да се надградува во иднина. За сега оваа технологија испорачува банални информации како календар, временска прогноза, но нејзините иноватори се убедени дека можат да го решат проблемот на слепите лица и лицата со слаб вид.