Најголемата 3D зграда во светот | Trendseteri
Menu

Најголемата 3D зграда во светот

Зграда што ќе ве остави без здив – генијално!

 

Знаеме дека технологијата секојдневно напредува и дека во 3D се принтаат различни украсни предмети, но дека може цела зграда да се направи со овој метод, не очекувавме.

На оваа генијална идеја дојде компанијата Apis Cor, која се занимава со роботика, да со помош на посебни материјали кои ги додале во своите принтери креираа зграда висока 10 метри со површина од 640 м2. Зградата ја креираа за компанијата Dubai Municipality со седиште во Дубаи.

Принтањето е направено на отворен простор, а тимот кој стои позади сето тоа докажа дека иднината е во 3D технологијата.

Со помош на 3D се направени скоро сите делови на зградата освен прозорите и кровот кои се додадени после завршувањето на принтањето. Од компанијата најавуваат дека на ваков начин ќе градат и куќи во Америка и дури се пријавиле во НАСА за натпревар за изградба на резиденција на Марс. Воодушевувачки!