Апликации кои ќе ве држат мотивирани | Trendseteri
Menu

Апликации кои ќе ве држат мотивирани

Поставете ги вашите цели – оние кои ве прават вистински среќни

 

Без разлика дали од неодамна почнавте со вежбање, здрава исхрана, си ветивте на себе дека повеќе време ќе посветите на вашето хоби или едноставно имате планови кои упорно ги оставате за утре (прокрастинација), секогаш постои оној момент кога сето тоа го заборавате и денот го поминувате гледајќи ја омилената серија. Затоа пронајдовме пет апликации кои можат да ви помогнат на прво место да ги поставите вашите цели, целите кои ве прават вистински среќни.

Be Focused

 

Можеби сте слушнале за техниката за работа која го дели времето за работа на кратки временски интервали. На секои 25 минути работа имате пауза од една минута за релаксирање. Одлична е за оние задачи кои не сакате да ги сработите, а што се од суштинско значење за вашиот развој. Оваа апликација е бесплатна и достапна за iOs и Android.

iWish

 

Уште една бесплатна апликација која ќе ви помогне во остварување на зацртаните цели и идеална за оние кои сакаат да си водат белешки за задачите кои треба да се завршат или веќе завршените задачи. Со помош на iWish можете да креирате сопствена листа на желби и цели, да подготвите идеи и да ги реализирате. Патувања, спорт, работа.

Sanity & Self

 

Оваа апликација е психотерапија, поткасти и дневник во едно. На корисникот му овозможува илјадници аудио записи од различни тематски подрачја и запишување на сопствените желби, планови, стравови и амбиции. Исто така со доплата од 9.99 долари, достапно е контактирање на експерти кои ќе ви помогнат на полесен начин да ги пребродите проблемите.

I Am

 

Понекогаш е доволно еден позитивен збор да ве мотивира и да ве врати на патот од кој сте скршнале. Оваа апликација е едноставна за користење која на дневна или неделна база ви праќа охрабрувачки пораки. Иако звучи клише, понекогаш една охрабрувачка мисла и се што ни треба за да продолжиме со секојдневните активности.

Forest

 

Оваа апликација ќе ви помогне на поминувате повеќе време без мобилниот телефон во раце. Моментот пред да престанете да го користите мобилниот, посадувате дрвце. Што повеќе не го уклучувате телефонот, дрвцето се повеќе расте, а со првото отклучување на мобилниот, дрвцето умира.

Со некористењето на мобилниот подолг период, градите шума, а апликацијата дава можност за отклучување посебни награди кои се отвараат со садење на 30 нови видови на дрвја. Ослободете се од мобилниот телефон на некое време, фокусирајте се на задачите, најблиските луѓе околу вас, пријателите и изградете ја вашата градина на оваа апликација.