Сè што треба да знаете за ТикТок | Trendseteri
Menu

Сè што треба да знаете за ТикТок

Една од најпопуларните апликации на социјални мрежи

 

Апликацијата со чија помош корисниците можат да креираат забавни кратки филмови и истите да ги споделуваат со останатите корисници, најпрвин го носеше името Musical.ly, а ја користеа повеќе од 100 милиони корисници во светот.

Во 2018 година Musical.ly апликацијата ја купи кинеската компанија ByteDance и сите корисници автоматски се префрлени на TikTok, и истата за разлика од претходно, понуди поширок спектар на опции и корисниците брзо ја прифатија. На TikTok се додадени филтери, видео записи од филмови и серии, видео спотови и се она што корисниците можат да го искористат за создавање своја содржина.

Една од најголемите предности на оваа, релативно нова апликација е фактот што е многу едноставна за користење. Само неколку кликови и авантурата на создавање забавни видеа може да започне. Видеата на TikTok се кратки и со забавна содржина и токму поради тоа TikTok е многу популарен. Причина повеќе за популарноста на оваа апликација е фактот што најголемите филмски и музички ѕвезди масовно почнаа да ја користат за сопствена промоција.

Исто така, ТикТок ги следи и создава новите трендови на локално ниво, одличен е за бизнис, особено за инфлуенсерки. Интересен е и фактот што за разлика од Инстаграм и Фејсбук, ТикТок после два часа користење праќа предупредување на корисниците за претерано користење.

Дали ова е веќе премногу или навистина ни е потребна уште една апликација?