Каков накит носи новата Џејмс Бонд девојка? | Trendseteri
Menu

Каков накит носи новата Џејмс Бонд девојка?

Ана де Армас накитена со дијаманти

 

Една од причините поради која со нетрпение го очекуваме новото продолжение на Џејмс Бонд, “No Time To Die” е дефинитивно поради новата девојка на агентот 007, Ана де Армас.

Прекрасната и сексепилна Ана во новиот филм е накитена со дијаманти од брендот “Chopard”- еден од најпознатите луксузни производители на часовници и накит со седиште во Швајцарија.

Палома или Ана де Армас носи дијаманти од колекцијата Green Carpet на Chopard кои вредат цело богатство. 43 каратен ѓердан, 82 каратна алка и 14 каратни обетки. 

Луксуз каков што доликува на Џејмс Бонд девојките!