Ги изгубил двете раце - сега е врвен уметник | Trendseteri
Menu

Ги изгубил двете раце – сега е врвен уметник

Уметник, не по избор, туку случајно

Сликарската уметност го ангажира лицето со телесен инвалидитет целосно и ја менува неговата емоционална состојба, додека твори заборава на својата инвалидност, се појавува чувство на самостојност, самодоверба и истрајност. Не е доволно да се има рака или нога, туку и волја да се постигне нешто.

Уште еден доказ за сето ова е Давал Катри (Dhaval Khatri) од Индија – страствениот уметник нема да ве остави рамнодушни со неговата приказна. На 14 годишна воздраст од струен удар ги изгубил двете раце. Кога требало да му стават помагала на рацете, неговите родители му дале пенкало и молив, со што вежбал и му се родила желбата за уметноста. До сега има направено повеќе од 300 уметнички дела.

Давал себе си се нарекува уметник, не по желба, туку случајно.

Погледнете ја неговата галерија…