“Медена Земја” добитник на наградата ASC за најдобра кинематографија | Trendseteri
Menu

“Медена Земја” добитник на наградата ASC за најдобра кинематографија

Љума и Даут од “Медена земја” ја добија најпрестижната награда за кинематографија

 

Нашите Самир Љума и Фејми Даут од “Медена земја” се добитници за наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34-тото доделување на наградите на Асоцијацијата на кинематографери на Америка (ASC- The American Society of Cinematographers).

Наградата им ја додели режисерот и продуцент на “Џокер”, Тод Филипс. Тој во својата најава покрај другото вели дека ова е златно време на документарниот филм.

“Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е оваа”– вели Самир Љума.

Најпрестижната награда што може да се додели во светот на кинематографија е токму “ASC Award” наградата. “Медена земја” има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот. Трите награди од “Санденс” фестивалот, наградата за “Најдобар документарец” на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк, а Љума и Даут ја добија и наградата “Филмско око” за исклучителни достигнувања во кинематографијата.

Сега со нетрпение ги очекуваме Оскарите каде македонскиот филм “Медена земја” е номиниран во категориите: “Најдобар документарен филм” и “Најдобар интернационален долгометражен филм”, церемонија која ќе се одржи на 9 февруари во Холивуд.