Последен поздрав со солзи и овации | Trendseteri
Menu

Последен поздрав со солзи и овации

Франција му оддаде почит како што му доликуваше!

 

Ѕвездата на францускиот Нов бран, Жан-Пол Белмондо, можеби најпознат по улогите во „До последен здив“ и „Професионалецот“, почина на 88-годишна возраст, изјави неговиот адвокат за АФП. Неговата здравствена состојба подолго време не била добра, откако доживеа мозочен удар во 2001 година.

Белмондо – наречен Бебел од француската публика – стана една од најголемите ѕвезди на киноблагајните во земјата во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш и соработник Ален Делон.

Како и Делон, Белмондо беше клучна фигура од извонредната генерација што снимаше европски филмови во тој период, а серијата филмови што ги сними со славниот режисер Жан Лук Годар, меѓу кои „Жената е жена“ и „Лудиот Пјеро“, оставија неизбришлив белег.

Тој беше омилена филмска ѕвезда низ целиот свет, а има глумено во речиси сто филмски наслови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.

Цела држава, на чело со Претседателот Макрон и семејството на Белмондо му оддадоа почит како што доликува за еден ваков човек!

Со солзи и овации Франција се збогува од еден од најголемите!

Погледнете како…