Renault Trezor | Trendseteri
Menu

Renault Trezor

Renault ни го претставува електричниот автомобил, моќниот “Trezor”

 

 

Renault на свој терен, во Париз, претстави концепт модел Trezor, чии дизајн е како од иднината…
Новиот Renault Trezor е многу привлечен, со футуристички облик, две седишта, каросерија од јаглеродни влакна. Таа се карактеризира со долг преден крај и благи заоблени линии, низок под, 21 инч предни и 22-инчни тркала позади, карактеристичен светлосен потпис во предниот дел и слично. Највпечатлив е атрактивниот капак на коппитот, односно предниот капак, кровот и стаклената површина која се подига за да би се овозможил пристап до кабината.
Вкупната должина изнесува 4,7 метри, со меѓуоскино растојание од 2,7 метри, а коефициентот на отпор е само 00:22. Со оглед на тоа што е релативно голем и има електричен погон, вкупната тежина од 1.600 килограми и не е толку лоша бројка. Во внатрешноста може да се сместат само двајца луѓе, но просторот нема да недостасува. Да претпоставиме дека кабината е модерна и добро опремена, и таму е се разбира тука е и системот за автономно возење со чие активирање воланот ја менува својата форма за да му овозможи на возачот подобар поглед на големиот OLED екран.
Што се однесува до погонскиот дел, Trezor го има позајмено од Формула Е, а неговата моќ е 353 коњски сили и 260 kW и максимален вртежен момент од 380 Nm. Погонот е на задните тркала, и да се забрза до 100 км/ч, на Trezor ќе требаат помалку од 4 секунди, додека автономијата не е позната. Да додадеме дека една батерија се наоѓа во предниот дел, а друга во задниот, се со цел да се овозможи оптимална распределба на тежината.