Наташа Андонова со почит се збогува од Зоран Недев
Човекот во своето создавање учи, создава, запознава учители кои му ги откриваат нивните тајни мудрости. Македонската фудбалерка Наташа Андонова која ги брани боите на Барселона неодамна на својот facebook профил објави фотографија од човекот кој ги поставил темелите на нејзината најголема љубов, фудбалот.
Таа објави фотографија во која се сеќава на нејзиниот прв учител Зоран Недев, кој неодамна почина. Андонова е позната и по тоа што често своите успеси и победи ги посветува на оние кои не се веќе меѓу нас. Тоа ја прикажува големината на успешниот човек. Очигледно тој човек покрај првите лекции на фудбалот, ги ставил и моралните темели во ова храбро женско срце.
Д.А. Патникот со закрпени патики