Ева Соколовска повторно се закити со злато | Trendseteri
Menu

Ева Соколовска повторно се закити со злато

9-годишната гимнастичарка Ева освои златен медал во Германија

 

Ева Соколовска која има само 9 години се закити со злато на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа во градот Боркен, Германија. На овој турнир Ева се натпреварува трета година по ред и по трет пат го освојува првото место во нејзината категорија.

Нашата македонска гордост Ева која е по потекло од Скопје и заедно со нејзините родители и сестра и живее во Билефелд, веќе неколку години реди успеси по ритмичка гимнастика во Германија.

Досега има 14 натпревари на републичко ниво и на сите се закити со златен медал. За неколку денови повторно ќе се натпреварува и секако, очекуваме злато повторно.

На сите натпревари најголема подршка и е нејзината сестра Илина која веќе се натпреварува во бундес лигата.

Илина во германските медиуми.