Градови со најчист воздух на светот | Trendseteri
Menu

Градови со најчист воздух на светот

Хаваи важи за едно од местата со најчист воздух во светот

 

И додека последниве месеци и години сè повеќе се зборува за преголемата загаденост на воздухот на нашиот главен град Скопје, во некои места на светот, воздухот е толку чист што претставува вистински мелем за белите дробови, но и за целокупното здравје на луѓето. Овие градови и пред короната биле со најчист воздух!

 

Хонолулу, Хаваи

 

Градот Хонолулу и генерално, целиот остров Хаваи важи за едно од местата со најчист воздух во САД, но и во целиот свет. Хонолулу е познат како град највеќе поради зеленилото кое се наоѓа на секој чекор. Благиот ветер кој дува низ дождовните шуми е главниот креатор за чистиот воздух во градот. Хаваи е место со најмалку срцеви удари и болести.

 

Цирих, Швајцарија

 

Швајцарија е најчистата држава на светот па затоа и не треба да не чуди фактот дека Цирих се наоѓа на оваа листа. Граѓаните на Цирих најчесто се одлучуваат на возење велосипед, а што се однесува за другите превозни средства, најмногу се користат возовите, автобусите и подземните железници. Луѓето ретко се одлучуваат за возење со автомобил, како и строгите правила кои се однесуваат на јавната чистота и хигиенските услови, најмногу придонело за Цирих да стане еден од градовите со најчист во светот.

 

Аделаида, Австралија

 

Овој град повеќе пати е прогласен за еден од најчистите градови на светот, но и високо рангиран во листата на најдобри места за живот.

 

Калгари, Канада

 

Иако претставува плинско и нафтено седиште на Канада, овој град е еден од градовите со најчист воздух на светот. Владата вложува голем труд со превземање на низа мерки и активности како би ја заштитила животната средина, чистотата на воздухот и квалитетот на водата за пиење. Секој отпад се користи за обновливи извори на енергија.

 

Хелсинки, Финска

 

Овој град е еден од најчистите престолнини на светот. Една од главните причини е што граѓаните за превоз користат велосипед. Верувале или не, Хелсинки има повеќе од 3.800 км велосипедска стаза.

 

Рејкјавик, Исланд

 

Град кој потполно е посветен на користење алтернативни извори на енергија – дури 90% од граѓаните се снабдуваат со енергија и греење преку геотермална енергија.

 

Хамбург, Германија

 

Светски лидер во концептот на „зелена енергија“. Хамбург е навистина добар пример како оваа стратегија може да функционира. Нивната цел е емисијата на штетни гасови до 2020 да се намали за 40%, додека до 2050 за дури 80%.

 

Велингтон, Нов Зеланд

 

Ниската популација и специфичната географска положба го прават ова место да биде полно со свеж, чист воздух, а граѓаните додатно допринесуваат за чистотата на целиот град.