DiorTravel – Колекција на чанти за патувања
Париската модна куќа Dior излезе со новата кампања за Dior Travel – колекција на чанти за патувања во чест на големата страст за патувањата низ светот на легендарниот Кристијан Диор. Креативната директорка на Диор, Марија Грација Чури дизајнираше колекција која ќе ја обожаваат сите кои патуваат со стил.
Главен фокус е естетиката, но притоа не е заборавена и функционалноста, па така во новата DiorTravel колекција ќе најдете торби во сите големини, намени и облици. Исто така колекцијата вклучува и несесери за целата ваша козметика, шик торби за вашиот лаптоп, чанти за накит и една малечка чанта за вашиот омилен (Dior) парфем.