Најубавите „all-inclusive“ ресорти | Trendseteri
Menu

Најубавите „all-inclusive“ ресорти

Погледнете кои се најдобрите „all-inclusive“ ресорти на светот

 

„All-inclusive“ по светски стандарди е повеќе отколку она што го нудат нашите туроператори, кои за „all-inclusive“ најчесто тоа што се нарекува полн пансион.

Пакетите „all-inclusive“ се одличен начин да го избегнеме стресот. Сè што ни треба е на една рака растојание и не е потребно да се троши драгоцено време во трчање до банкоматот.

All inclusive пакетите се наметнале како идеална опција за организирање на евтин и пријатен одмор. Според читателите на Trip Advisor, најдобрите ресорти кои работат по системот „all inclusive“ се на Карибите.

Ова се најдобрите 7 „all-inclusive“ ресорти

 


Iberostar Hacienda Dominicus – Bayahibe (Доминиканска Република)

Овој ресорт е во непосредна близина на амфитеатарот Алтос де Чавон и нуди 463 комотни апартмани.

Има голема приватна плажа, диско и велнес центар. Во понудата се сите седум ресторани и барови вклучени.

 


The Reserve at Paradisus Punta Cana – Punta Cana (Доминиканска Република)

Ова е ексклузивен хотел за семејства кој има богата понуда за најмалите. Има 132 луксузни апартмани.

Ова рајско место секоја вечер е богато со забавни активности, каде возрасните уживаат во баровите, додека децата играат под надзор во големата игротека.

 


Melia Cayo Coc – Ciego de Ávila (Куба)

Овој е еден од најдобрите „all-inclusive“ ресорти, кој е лоциран на плажата „Cayo Coco“, позната по розевите фламингоси.

Хотелот е дизајнирани исклучиво за возрасни над 18 години има 230 соби и 25 барови и ресторани. Во понудата се вклучени голф, спа, водени спортови и тенис.

 


Sandals Whitehouse European Village and SPA – Savanna la Mar (Јамајка)

Во овој ресорт ја откривате заборавената Јамајка, онаа што ја отсликува природната убавина. Ресортот со 200 хектари е лоциран на прекрасна плажа со препознатлив тиркизен океан.

Sandals Whitehouse Europe Village & Spa совршено го комбинира егзотичниот карипски шарм со префинетата елеганција на раскошните плоштади и италијанските фонтани, кои се опкружени со богати градини кои украсуваат три вили инспирирани од Европа. Една италијанска, една француска и една холандска куќа, во кои се луксузните соби и апартмани со поглед кон океанот.

И, секако, може да ја користите понудата од седум ресторани кои нудат гурманска кујна од целиот свет и забава за сечии вкус. Пијано бар, локален танц и елегантни ноќни клубови.

 


The Reserve at Paradisus Palma Real – Punta Cana (Доминиканска Република)

Овој хотел кој е идеален за целото семејство, се наоѓа на плажата Баваро. Опкружен со прекрасни тропски градини со пристап до ексклузивна приватна плажа со консиерж услуга. Сèвкупно, има 42 нови луксузни апартмани со поглед кон океанот.

Неодамна дограден за 12 милиони долари со нов и ексклузивен бар-ресторан во стилот на траторија. Има велнес од 2626 метри квадратни, елитен ресторан, 3 базени, терен за голф, теретана, еко градина и површина од илјада метри квадратни посветени на децата (Детска зона).

 


Iberostar Grand Rose Hall – Montego Bay (Јамајка)

Станува збор за ексклузивен „all-inclusive“ хотел. Совршена опција за оние кои сакаат да доживеат незаборавен одмор со семејството или само со партнерот на Јамајка. Во овој хотел гостите можат да се одморат и да се релаксираат, да спортуваат и да уживаат во ноќите полни со музика и јамајкански танц. Голема предност е близината до центарот на Роуз Хол, каде можете да го доживеете традиционалниот живот на Јамајка и да уживате во убавината на овој прекрасен град што им го нуди на своите посетители.

Лоциран на плажи од соништата, прекрасни градини, поглед на океанот од сите хотелски соби и други природни атракции. Ресторанот „Cajun“ кој нуди традиционална јамајканска кујна комбинирана од африканските и француските традиции заслужува посебно внимание.

 


Galley Bay Resort – St. John (Антигва)

Антигва се наоѓа во Карипското Море и е мал остров со само 280 квадратни километри. Овој ресорт има приватна плажа со бел песок кој е уникатна на Карибите.

Ресортот ви го нуди „Indulge“ SPA, ресторанот „Sea Grape“ и пространи соби. Сите соби во Galley Bay Resorts и SPA имаат поглед на океанот.

Апартманите се со двор или балкон. Сите вклучуваат шарени уметнички дела од островот. Ресортот нуди едрење, сурфање и бесплатна опрема за нуркање. Спортскиот дел нуди теретана и тениско игралиште.