Хотелот кој претставува вистинска бајка | Trendseteri
Menu

Хотелот кој претставува вистинска бајка

Модерен и стилски хотел на Хаваи

Вистинскиот спој на светли и неонски детали претставува одличен потег бидејќи фотографиите од ова место не престануваат да го воодушевуваат светот. Совршен спој на текстури, материјали и тропски примероци, кој можеби на прв поглед се чини како премногу. Секое парче во просторот е позиционирано со смисла.

Погледнете ги фотографиите од хотелот “Shoreline Waikiki”, барем еден детал ќе ви го привлече вниманието на секоја од нив. Без разлика дали е тоа виолетовиот ќилим, сините ѕидови, жолтите фотели, необичните тропски тапети или црвените ормари, се е така убаво склопено што навистина воодушевува.

Освен генијалниот ентериер, надворешниот дел на хотелот исто така е вреден да се спомене. На кровот се наоѓа огромен базен, а додека уживате на него, еден детал сигурно ќе ви го украде вниманието – принт на ѕидот чиешто дело е на познатиот американски уметник Dj Neff.