Лепа Брена со голем концерт на плжата Градиште во Охрид
На 29 јули на плажата Градиште II во Охрид гостува една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија и Балканот, Лепа Брена.
“Очекувајте многу добра забава, убави песни и одлична атмосфера. Она што јас лично можам да го ветам е дека, исто како мај на роденденската забава на „DejaVu“ во Скопје, сите после мојот концерт ќе заминат дома ведри и расположени”, вели Брена, која деновиве пред охридскиот концерт батериите ги полни на Јадранот, каде освен што ужива со семејството и добро се забавува, а пријатели од социјалните мрежи ги информира со фото извештаи од своите водени лудории.
Но најде време да испрати куса видеопорака до своите македонски фанови, за уште еднаш да ги потсети на саботната дружба. Охрид, плажа Градиште II.
Vidimo se !29.07. – Plaža Gradište – OhridVaša #LepaBrena ?
Posted by LEPA BRENA on Samstag, 15. Juli 2017