Патешествието од Барбадос до Скопје на нашите морнари | Trendseteri
Menu

Патешествието од Барбадос до Скопје на нашите морнари

Ковид-19 ги врати македонските морнари дома, во Македонија.

 

Македонија, како и сите останати балкански држави има значаен број на млади кои работат за најголемите светски бродски компании.  Една од нив е и Американската компанија Royal Caribbean Cruise Line (која има 47 бродови) и која важи за лидер во оваа силна индустрија.

Доаѓањето на авионот со 291 морнар од Барбадос во Скопје од Американските компании Royal Carribean и Celebrity, од кои 60-тина беа македонски државјани беше резултат на Македонската компанија Коузон, која повеќе од 20 години е партнер на бродската индустрија и е најголема агенција за вработување на морнари во Источна Европа. Сепак, најголемата заслуга за остварување на оваа хумана прикаска е на амбасадорот Ивица Боцевски, кој подолг период е целосно внесен во репартијацијата на нашите монари. Еден од нив напиша и дека треба да му изградат споменик за напорот кој тој го вложил во случајот со македонските морнари, подавајќи им рака во најтешките моменти.

Погледнете го нивното патешествие вчера од Барбадос до Скопје во кратко 2 минутно видео…

Нивното доаѓање во Македонија беше организирано со чартер лет, и тие со себе имаа одредени тестови, но не според протоколите кои ги налагаа македонските институции. Тие беа во идеални услови кај што можеше да се изведат тестови на аеродромот, и сите беа согласни да чекаат неколку часови да ги чекаат резултатите, се со цел да можат да си заминат дома во 14 дневна самоизолација, без да одат во државен карантин.

Моментално, нашите морнари се наоѓаат на 14-дневен карантин во Хотел Дрим во Струга, каде се очекува денес да им се направат тестови, се со цел да можат слободно да си заминат дома, во самоизолација. 

Инаку, едно од најбезбедните места во моментов во светот, каде што човек може да биде изолиран 60-70 дена, се бродовите. Немаат допирни точки со надворешниот свет. Постапката за нивна репартијација беше од бродот кон аеродромот во Барбадос, дирекно во авион, донесени во Македонија.