Зоки-Фаци на генерална проба – Мерак имам, да се тетовирам!
Зоран Василевски, алиас Зоки – Фаци, фаца која сите добро ја знаат. Барем оние од скопската шминка, или како веќе се вика…
Постојано е во тренд, иако најчесто му се случува „DejaVu“. Секогаш опкружен со убави жени – сите само „верни другарки“.
А кога се другарките во прашање, сепак една е навистина најверна. А мора и да биде, зашто не случајно го одбрала за кум. Хелена Роза која сега живее на Нов Зеланд, својот престој во Скопје максимално го користи за дружба со кумот. А кумот среќен што ја има. Зошто… „И да те немаше ќе те измислев“ – така и напишал на кумашинката во постот крај фотографијата, на која Фаци е со нов имиџ – тетовиран од рамења до дланки…?! Или можеби не? Ако добро подзагледате ќе видите дека се работи за таканаречена „лажна тетоважа“. Блуза со долги ракави – месо боја, со апликации кои се така креаирани, како рацете од горе до долу да ти се тетовирани.
Фаци покрај другото, до душа и е голем мераклија шарки по телото, кои и ги има неколу, ама за вака крупно украсување, прво треба да одиш на бендисување… Да те видат како ќе те личи! Затоа Фаци решил да се снајде , па си направил генерална проба со текстилна „роба“. Па ако кумата и „другарките“ го бендисаат, тату мајсторите лесно ќе го ујдисаат!