Александра Кочоска ја освои ЕМИ наградата за „Стар Трек – Дискавери“
Александра Кочоска-Дековиќ, продуцентка на визуелни ефекти на неколку хит-серии во Холивуд ја доби престижната награда „ЕМИ“ на синоќешната свеченост во Лос Анџелес. Нејзиниот тим е награден во категоријата исклучителни специјални визуелни ефекти во поединечна епизода, за Su’kal во серијалот „Ѕвездени патеки – Дискавери“.
Ова беше втора номинација на Александра за најпрестижната телевизиска награда во Америка. Таа беше номинирана за ЕМИ и во 2019 година, но тогаш наградата ја освои серијата „Игра на тронови“. Александра ја доби наградата заедно со сопругот Анте Денковиќ и продуцентот Џејсон Зимерман.

Александра веќе неколку години живее и работи во Холивуд. Таа има две дипломи од Универзитетот УКЛА, за бизнис-менаџмент во забавната индустрија и за развој. Оттогаш работела на неколку серии: Слипли Холивуд, Кросбоунс, Лимитлес и Тру дитектив, Стар Трек: Пикарт со Патрик Стјуарт во главната улога, Стар Трек: Шорт Трекс и Стар Трек – Дискавери С3.
Како што дознавме од Александра, следи веќе нов познат сериал со нејзино присуство.