Зборувај ми за Скопје - Сара Мејс и Калина Велковска | Trendseteri
Menu

Зборувај ми за Скопје – Сара Мејс и Калина Велковска

Слушнете ја одличната преработка на хитот на Нина Спирова

Пред да започне празничната еуфорија нашите познати пејачки Сара Мејс и Калина Велковска од Kaly Music Challenge решија да ни ги стоплат срцата со нивната преработка на големиот македонски хит на Нина Спирова “Зборувај ми за Скопје”.

“Со огромно задоволство ви ја пуштам песнава, соработкава, преработкава. Беше предизвик за учење и интерпретирање, ама требаше да се потсетиме… Понекогаш “подзабораваме” колку убава македонска музика имаме”… напиша Сара Мејс. 

Инаку “Kaly Music Challenge” e краток серијал „домаќински видеа“ на музички колаборации од преработки и авторски дела со жени фронтмени уметници. Поентата на предизвикот е создавање на кохерентна музичка смеса од енергија на два различни сензибилитети.

Серијалот е воедно и од едукативен карактер. Неговата намера/намена е да не потсети и научи дека во музиката не постојат социо-психолошки, духовни, генерациски, жанровски, квалитативни лимити.

“Секој еден уметник мора да тежнее да еволуира како наспрема самиот себе и сопствената интелектуална и емоционална надградба, така и према времето во кое живее и промените кои тоа ги носи” – вели Калина Велковска.