Заврши најголемата техно журка во свет – Tomorrowland
Последните два викенда од јули се одржа најголемата техно-журко во свет – „Tomorrowland“, во градчето Бом во Белгија. Од една мала еднодневна журка во 2004та година со едвај 10.000 посетители, за неколку години стана „Tomorrowland“ најголемата техножурка во свет со 400.000 посетители од над 200 држави.
Влезниците кои чинеа од 101 до 571 евра по човек, се распродадоа за само неколку минути по објавата. Интересот е толку голем, што и авиокомпании нудат целосни пакети со забава во авион и превоз до настанот.
Ова година се одржа „Tomorrowland“ под мотото „Amicorum Spectaculum“ што во превод значи „претстава на пријателите“ со најпознатите Ди Џеји од цел свет.
Тоа беа:
Alle Farben, Adam Beyer, Afrojack, Alesso, Aly & Fila, Angemi, Armin van Buuren, Axwell Λ Ingrosso, Carl Cox, Cedric Gervais, David Guetta, Dimitri Vegas & Like Mike, Don Diablo, Eric Prydz, Jauz, Joseph Capriati, Klingande, Krewella, Laidback Luke, KSHMR, Len Faki, Lost Frequencies, Marshmello, Martin Garrix, Martin Solveig, Nervo, Netsky, Nicky Romero, Oliver Heldens, Otto Knows, Paul Kalkbrenner, Robin Schulz, Shapov, Steve Angello, Steve Aoki, Solomun, Sunnery James & Ryan Marciano, Sven Väth, Tchami, Tiësto, Tommy Trash, Ummet Ozcan, Yellow Claw, Yves V
И идната година очекуваме надминување на овогодишниот „Tomorrowland“, како што веке 13 години по ред се случува.
Погледнете дел од атмосферата
сликите се превземени од „Tomorrowland“