Теа се прашува "Што би било"? | Trendseteri
Menu

Теа се прашува “Што би било”?

Нова песна и видео спот на Теа Трајковска

Македонската пејачка и трендсетерка тукушто го објави нејзиниот нов сингл насловен како “Што би било” (кога би било).

Текстот е на Теа, музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветковски. Песната, сосема очекувано за Теа, излегува во истовреме со видео спот кој го снимаа ова лето во Анталија, Турција, работен под режисерската палка на Даниел Јовески.

“Што би било” ми е еден од подрагите проекти затоа што и самата песна и видеото се нешто поинакво од тоа што сум го работела после албумот, што воедно ми беше и целта и мислам дека со Лазе успеавме во тоа да најдеме нова димензија во која би се движела нашата музика. Огромна благодарност и до Даниел кој се погрижи за тоа да ја доловиме емоцијата соодветно во видеото и до Фибула Травел, со чија помош спотот го снимавме во Анталија – изјави Теа за Трендсетери.

Клипот со Теа го сработивме многу ефективно и брзо, морам да споменам дека до сега ова ми било најкраткото снимање, за некои 3 до 4 часа снимивме се што ни беше потребно. Замислете “Што би било кога би било” снимањето подолго (се смее). Таа има конкретни барања и знае што сака, задоволство е да се работи со уметник како неа и се надевам дека соработката ќе продолжи понатака во иднина. Нашата фреквенција беше иста од самиот почеток на преговарањето за клипот па се до самата промоција – вели Даниел Јовески. 

Замислете “Што би било” доколку во моментов ја слушате новата песна на Теа и го гледате видеото за истата… Не мора да замислувате, само кликнете и уживајте.