Згодните Таско и Наташа Реј во "Амнезија" | Trendseteri
Menu

Згодните Таско и Наташа Реј во “Амнезија”

Таско промовираше нова песна и спот

 

Во исчекување на големиот концерт со Раста кој што треба да се случи оваа сабота, Таско промовира нова песна и спот под насловот “Амнезија”.
Текстот е на Таско, музика Cheketz Beats, миксот и мастерингот на Иван Јованов – Ивајо, додека спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production. Сниман во стан во Џевахир Скај Сити и на уште една локација во населба Аеродром. Изработен е во футуристички стил.

Амнезија – минливо „затемнување“ после бурна ноќ. Таско една вечер поминува со девојка, од утредента и е само во нејзините спомени. Во спотот по долна облека се појавува моделот Наташа Неделковска или позната како Таша Реј.